БЕБЕ ОД КОНТЕЈНЕР: Мајка му го фрлила штом се родил, а тој денеска е милионер! Животна приказна што ќе ве расплаче! (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Приказната за Фреди Фиџерс, чија мајка го остави покрај контејнерот кога имал само еден ден, буквално остава без здив, а во исто време е доказ дека нашата судбина не е одредена од раѓање.

Loading...

Животот на Фреди Фиџерс е доказ дека околностите не треба да одредуваат какви ќе бидеме, туку дека ние имаме моќ да ја градиме нашата иднина.

На деветгодишна возраст, тој добил скршен компјутер, што кај него ја разбудило љубовта кон технологијата, а тоа подоцна резултирало со тоа што станал пронаоѓач, успешен бизнисмен и милионер во светот на телекомуникациите.

Кога имал само еден ден, мајка му го оставила покрај канта за ѓубре во руралната Флорида. Нејтан и Бети Меј Фиџерс го пронашле и го посвоиле, а кога момчето наполнило осум години, тој почнал да се распрашува за неговото раѓање.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Freddie Figgers (@freddiefiggers)

 

Тогаш татко му Нејтан му одговорил:

Loading...

– Ми рече: „Слушај, искрено ќе ти кажам, Фред. Твојата биолошка мајка те напушти, а јас и Бети Меј не сакавме да те испратиме во згрижувачко семејство, па те посвоивме. Ти си мојот син!” – вели Фреди кого го пронашле кога бил новороденче покрај сад за ѓубре, а таа информација тогаш го скршила.

ЈАС СУМ ЃУБРЕ

– Кога ми го кажа тоа, мислев „ОК, јас сум ѓубре“ и се чувствував непожелно. Но, потоа ме фати за рамениците и ми рече: „Слушај, не дозволувај тоа никогаш да те погоди“, Фреди се сеќава на зборовите на неговиот татко, кој починал во 2014 година.

Неговиот татко Нејтан бил чувар и занаетчија, а тој и неговата сопруга Бети Меј живееле на фарма. Живееле во Квинси, рурална заедница со околу 8.000 жители во северна Флорида, и кога го зеле Фреди, тие веќе биле во педесеттите години.

Пред тоа, тие веќе одгледале многу сирачиња, но одлучиле да го посвојат Фреди кога имал само два дена.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Freddie Figgers (@freddiefiggers)

 

Loading...

Фреди вели дека му ја дале сета љубов што можел да ја посака, но имало проблеми со другите деца кои знаеле да бидат сурови.

– Децата ме малтретираа и ми викаа „Бебе од ѓубре“, „Момче од корпата за отпадоци“, „Никој не те сака“, „Ти си валкан“. Се сеќавам на ситуација кога излегов од автобус, а децата едноставно ми проѓаа одзади, ме фатија и ме фрлија во кантата за ѓубре и се смееја – раскажува Фреди, кој додава дека поради овие настани, неговиот татко го чекал кај автобуската станица да го придружува дома, но децата се потсмевале и со Нејтан. Тие велеле: „Ха ха, погледни го старецот со кантата”.

Така, Нејтан и Бети Меј се херои и одлични модели за Фреди.

– Постојано го гледав татко ми како им помага на другите луѓе, застанува на пат да им помага на странци, ги храни бездомниците. Беше неверојатен човек, таков каков што би сакал да бидам – ​​вели Фреди, кој како дете ги обиколувал контејнерите со својот татко за да најде нешто вредно што луѓето ќе го фрлат. Во тоа време, било очигледно дека Фреди бил заинтересиран за компјутери.

– Постои една стара изрека „ѓубрето од еден човек е богатство за друг“, и јас секогаш сум бил фасциниран од компјутерите, но во тоа време не можевме да си го дозволиме тоа – се сеќава Фреди.

Меѓутоа, еден ден кога имал девет години, влегле во продавница за половни работи и наишле на расипан компјутер Мекентош.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Freddie Figgers (@freddiefiggers)

Loading...

 

УСПЕАЛ ОД 50. ПАТ

– Го купивме за 24 долари и го однесовме дома, а јас бев крајно возбуден. Штом пристигнавме, почнав да го расклопувам, видов делови што беа скршени. Имав пиштол за лемење, како и радија и часовници, па ги извадив деловите и ги залемив на матичната плоча – раскажува Фреди, кој по 50 обиди успеал да го вклучи компјутерот и тоа бил моментот кога сфати што сака направи во животот.

– Тој компјутер направи да исчезне сета болка што настана додека децата ме малтретираа. Секогаш кога имав непријатности на училиште, си велев: „Само дојди дома и играј со својот компјутер“, се сеќава Фреди.

На 12 -годишна возраст, тој поправал компјутер во училишната лабораторија, и наскоро бил ангажиран да поправа бројни компјутери по цена од 12 долари на час, а за тие пари дури развил и компјутерска програма за притисок на градскиот гас, дури и иако работата вредела 600.000 долари.

На 15 -годишна возраст, тој одлучил да го напушти училиштето и да започне сопствен бизнис, иако неговите родители не биле за тоа. Бизнисот се вжештил кога дозна дека татко му Нејтан има Алцхајмерова болест. Еден од симптомите на болеста е тоа што едно лице може да талка и да не знае како да се врати дома. Се случило Нејтан да излезе, понекогаш дури и да не се облече, но секогаш ги облекувал чевлите.

Loading...

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Freddie Figgers (@freddiefiggers)

 

Тоа била инспирација за првиот пронајдок од кој заработил.

– Му ги зедов чевлите и инсталирав матична плоча со звучник од 90 мегахерци, микрофон и картичка што покрива голема далечина. Го поврзав со мојот лаптоп. Така, тато може да талка, а јас притискам едно копче на компјутерот и прашувам: „Еј, тато, каде си?“ – објаснува Фреди кој го користел овој изум осум пати додека неговиот татко бил жив.

Loading...

Кога состојбата на неговиот татко се влошила, некои членови на семејството го советувале Нејтан да се смести во домот, но Фреди одбил, па дури го однел со себе на деловни состаноци.

– Тој не ме напушти, па не ми падна на памет да го напуштам и јас него – вели Фреди, кој се грижел за Нејтан до неговата смрт во 2014 година.

Заработил 2,2 милиони долари од пронајдокот што го направил за да го следи својот татко, но за жал парите не легнале на неговата сметка додека Нејтан бил жив, па Фреди се уште жали што не успеал да му купи пикап Форд и рибарски брод кои секогаш ги сакал.

Покрај тоа, Фреди започнал да ги намалува пронајдоците како што е уредот што на лекарите или роднините им испраќа резултати од нивото на шеќер во крвта кај пациенти кои живеат сами, таканаречен паметен глукометар.

 

Loading...

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Freddie Figgers (@freddiefiggers)

 

Започнал и проектот за воведување мобилна мрежа во руралните средини, па во 2008 година го поднел првото барање за основање телекомуникациска компанија.

Му биле потребни 394 обиди и многу пари, но во 2011 година Фреди, кој тогаш имал 21 година, станал најмладиот оператор во САД, и до ден денес е единствениот сопственик на телекомуникациска компанија кој има црна кожа.

Првично, тој главно работел сам, воведувајќи мобилна мрежа во руралните делови на земјата, но компанијата почнала да расте брзо, па во 2014 година тој лансирал паметен телефон кој регистрира брзина и не му дозволува на корисникот да пишува пораки додека вози, а подоцна верзија која се полни без кабел (овој производ сѐ уште не е одобрен).

Мајката на Фреди сега има 83 години и исто така боледува од Алцхајмерова болест. Сепак, таа вели дека е многу горда на она што го постигнал Фреди.

Loading...

Се оженил со Натали во 2015 година и тие имаат ќерка. Покрај бизнисот, тој води и фондација која инвестира во образовни и здравствени проекти, како и да им помогне на децата и семејствата кои имаат проблеми.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Freddie Figgers (@freddiefiggers)

Што се однесува до неговата биолошка мајка, тој вели дека имал желба да ја најде за да види како изгледа човек кој е во состојба да го остави своето дете покрај канта. Нашол и видел дека е зависник од дрога.

Оттогаш, никогаш повеќе не ја видел и не ја побарал, и вели дека по таа средба, тој повеќе не страдал поради фактот што таа го напуштила.

Loading...

Тоа секако не може да се каже за мајката која го оставила новороденчето во ѓубре, особено откако видела дека бебето што го оставила станал успешен бизнисмен, милионер.