BBC влезе во нуклеарниот бункер на Тито (фото+видео)

Сподели со своите пријатели

Наизглед традиционална босанска куќа покрај Коњича всушност е влез во една од најголемите тајни од времето на Студената војна – Нуклеарниот бункер на Тито, се зборовите со кои започнува репортажата на ВВС за најголемата инвестиција во поранешна Југославија.

 

 

Бункерот на Тито сокриен под планината Златар во централниот дел на Босна и Херцеговина е држав во тајност со децении, а денес е отворена за јавноста и претставува една од најневообичаените уметнички глаерии во светот.

Погледнете ги подземните војнички бункери на Југославија (фото)

Воениот објект по име D-O „ARC“ е граден под велот на тајноста дури 26 години помеѓу 1953 и 1979 година во време на Студената војна, а опремен со најсовремена технологија на тие времиња. И денес тука може да се видат фиксни телефони, машини за пишување и друга позната апарататура за комуникација од средината на минатиот век.

 

 

Бункерот се простира на 6.854 квадратни метри и се состои од три дела. Во првиот дел се наоѓа надзорна резиденција, место за техничка поддршка и потесена безбедност.

Потоа следат метални врата со дебелина од 1,20 метри и тунел кој води до центарот на атомското скровиште, кои може да издржат удар од јачин а од 20 килотони. Третиот дел се состои од противпожарниот систем, клима, простор за комуникација, складиште за вода и нафта и слично, како и стамбен простор за Тито и Јованка.

 

 

Температурата во бункерот е измеѓу 21 и 23 степени целзиусови, а влажноста на воздухот е од 60% до 70%, што претставува идеални услови за живот. Целиот простор е осветен со 6.000 неонски сијалки. Денес овој бункер има улога за редок уметнички музеј за разни уметници од целиот свет, но претставува и потсетник за времето во кое имало закани со нуклеарна војна и тоа било секојдневие.

https://youtu.be/sWiqauEsVWo