BBC: Иран за прв пат му нанесува сериозна штета на Израел

Loading...
Сподели со своите пријатели

Како што објавува Би-Би-Си, бранот напади од утрово покажува дека Иран, и покрај израелските напади, сè уште има способност да лансира ракети што ја пробиваат воздушната одбрана и предизвикуваат штета во Израел.

Ова е првата епизода од овој конфликт во која иранските напади доведоа до значителни последици на терен, откако претходните ракети беа претежно пресретнати или немаа голем ефект.

Би-Би-Си објавува дека биле погодени повеќе локации, вклучувајќи ја болницата Сорока во Бершеба, градот Холон, каде што ракетата паднала меѓу згради, и Рамат Ган во пошироката област на Тел Авив.

Иран тврди дека целел воен објект во близина на болница во Бершеба, но израелскиот заменик-министер за надворешни работи Шарен Хаскел го обвини Техеран дека намерно ја таргетирал болницата. За другите погодени локации, сè уште не е јасно дали биле воени или цивилни цели.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Гроси: Иран нема активен план за производство на нуклеарно оружје

Би-Би-Си потсетува дека иранските напади следеа по речиси една недела израелски напади врз воени и нуклеарни објекти, но и врз енергетска инфраструктура, аеродроми, владини згради и станбени области во Иран. Техеран ги нарекува нападите војна на агресија и тврди дека само се брани.

Како Израелците ги оправдуваат нападите врз Иран?

Од друга страна, израелските власти ја оправдуваат операцијата тврдејќи дека Иран се приближил до „точката од која нема враќање“ во развојот на нуклеарно оружје.

Иран инсистира дека неговата нуклеарна програма е исклучиво за цивилни и мирни цели, а американските претставници неодамна проценија дека Техеран сè уште не донел одлука за развој на нуклеарно оружје.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Ако САД влезат во конфликтот меѓу Израел и Иран, светот нема да биде ист

Како што објави дописникот на Би-Би-Си од Ерусалим, Хуго Бачега, овие напади доаѓаат во чувствителен момент, додека американскиот претседател Доналд Трамп ја разгледува можноста за директно вклучување на американската војска во кампањата на Израел против Иран.

Loading...

Би-Би-Си наведува дека израелските власти и застапниците на воената интервенција би можеле да ги искористат овие напади како притисок врз Трамп да дејствува.

Иран веќе им се закани на американските бази

Иран веќе им се закани на американските воени цели во регионот, а врховниот лидер Али Хамнеи ги отфрли повиците на Трамп за „предавање“.

Би-Би-Си предупредува дека сојузниците на Иран и прокси групите во Ирак и Јемен исто така би можеле да извршат напади, дополнително проширувајќи го конфликтот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Израел нападна област во близина на нуклеарен реактор

Досега, напорите за деескалација не дадоа резултати, а пораката од Ерусалим е дека израелските напади ќе продолжат со зголемен интензитет.