Лидерот на Мајами Хит, Џими Батлер, зборуваше за медиумите по неговиот блескав настап, што се покажа клучен за успехот на „жешките“ над Л.А. Лејкерс со 111:108 во дуелот бр.6 синоќа.
Крилото го забележа својот втор „трипл-дабл“ во финалето – 35 поени, 12 скока и 11 асистенции, а исто така постигна 8 од последните 10 поени за да го врати Мајами во трката за титулата.
– Ќе победиме на шестиот натпревар. Ќе сториме што е потребно. Убеден сум дека моите соиграчи и јас ќе излеземе како победници од него, изјави самоуверено Батлер пред камерите на „ЕСПН“.
На официјалната прес-конференција по натпреварот рече дека одбраната на Лејкерс нема спречи го да игра агресивно.
– Што и да измислат против мене, јас ќе продолжам да играм агресивно. Не знам како ќе пристапат кон одбраната, но ништо нема да им помогне, бидејќи ќе продолжам да шутирам. Ако не успеам да шутирам, ќе ја додадам топката. Данкан или Тајлер, Кеј Нун, Бам или Џеј, кои сигурно ќе го реализираат ударот. Се зависи од тоа да бидеме заедно на паркетот и да играме кошарка на наш начин. Не е важно како ќе ме задржат, додаде Џими.
Натпреварот бр.6 помеѓу Мајами и Л.А. Лејкерс е во недела навечер во 01:30 часот.
Влатче Зорба