Баро: Франција се противи на нападите врз цивилната инфраструктура во Иран

Сподели со своите пријатели

Шефот на француската дипломатија, Жан-Ноел Баро, денес изјави дека Франција се спротивставува на секаков напад врз цивилната инфраструктура во Иран.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, се закани дека ќе ја нападне таа инфраструктура.

„Ние сме против секаков напад врз цивилната инфраструктура во Иран, бидејќи таквите напади би предизвикале нова фаза на ескалација на конфликтот“, изјави Баро за радиото Франс Инфо.

Трамп се заканува дека ќе нападне цивилни локации и енергетска инфраструктура ако иранскиот режим не го отвори Ормутскиот теснец.

Баро повика на отворање на теснецот, чија блокада ја парализира глобалната економија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Генерал: Бројот на војници во Иран е таен. Трамп: Ќе кажам јас, станува збор за стотици (ВИДЕО)

Трамп му даде рок на Иран до вечерва да постигне договор со САД или ќе ги таргетира електраните, мостовите и другата цивилна инфраструктура.

На 28 февруари, САД и Израел започнаа воздушни напади врз Иран.