Барака за мигранти изгоре на Табановце, во Никуштак гори непристапна шума

Сподели со своите пријатели

Барака била опожарена вчера во Транзитниот центар за мигранти во Табановце, додека во липковско активен е шумски пожар на непристапен терен.

Loading...

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, кумановските пожарникари вчера бележат три интервенции.

Првата била на запален смет во селото Проевце, каде тројца пожарникари интервенирале во период од 14:20 до 14:50 часот.

Во селото Табановце била пожарена барака во Транзитниот центар за мигранти, каде во период од 15:43 до 16:35 часот интервенирале четворица пожарникари.

Помошен објект изгорел во селото Речица. Четворица пожарникари интервенирале синоќа во период од 21:00 до 22:40 часот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведен осомничен за палењето на „ланд роверот“ во Куманово

Ниско стеблеста шума вчера горела во атарот на липковско Матејче. ТППЕ Куманово интеревенирале во период од 16:35 до 20:40 часот со тројца пожарникари, а на помош им биле и двајца вработени во Дирекцијата за заштита и спасување. Според информациите на РЦУК, горела нискостеблеста шума.

Веќе трет ден не може да се изгасне шумски пожар во атарот на липковското село Никуштак. Гори нискостеблеста деградирана, но и дабова шума.

Според информациите на РЦУК добиени од Шумско стопанство Куманово, пожарот е на непристапен терен во дол, до кој не може да се дојде со моторни возила и луѓе.

Loading...

Во неколку наврати во текот на вчерашниот ден било интервенирано со два авиони на Дирекцијата за заштита и спасување и пожарот бил локализиран, но не и целосно изгаснат.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Жолто метео предупредување за Куманово за невреме со грмотевици

Никола Ивановски