Бара милион долари оштета: Поради провокативни слики на мајката ѝ бил забранет влез во училиште на нејзините деца

Сподели со своите пријатели

Викторија вели дека училиштето и го ускратува правото да учествува во животите на нејзините деца, дека е јавно понижувана, иако не прави ништо незаконско, ниту пак некој треба јавно да биде осуден за нејзиниот приватен живот.

Викторија Трис, мајка на две деца на возраст од 10 и 5 години, се подготвува да поднесе тужба против основното училиште во кое одат нејзините деца и бара милионска отштета.

 

 

Нејзе и е забрането да учествува во училишни проекти, кои се вообичаена волонтерска работа на родителите на учениците кои посетуваат училиште, а причина за забраната се нејзините провокативни, контроверзни фотографии и снимки кои ги има на социјалните мрежи и кои се на работ на експлицитност.

Друга причина е тоа што таа има профил на платформата „OnlyFans“, која најчесто објавува еротски содржини, за кои ги наплаќа корисниците да ги гледаат и до кои во денешно време можат да пристапат и учениците од училиштето што го посетуваат нејзините деца.

 

 

Училишниот одбор на округот Оринџ во Флорида соопштил дека не сака некој што се занимава со тоа и јавно објавува такви работи во близина на ученици, па затоа и е забранета посетата, но веднаш ангажирала тим адвокати кои и предложиле да  бара милион долари отштета од училиштето и дека нема законска основа за таква забрана бидејќи не се занимава со ништо незаконско или не навредува некого.