Не е Бангладеш, Куманово е, и тоа строг центар.
Бандера се надвисна врз тротоар и улицата „Моша Пијаде“ во Куманово утринава и претставува опасност и за пешаците, но и за автомобилите што минуваат по оваа улица.

Од фотогафиите што ни ги испратија читатели утринава, може да се забележи дека столбот што се наоѓа веднаш до еден од повеќето склонопадни објекти, поврзува многу жици и е директна опасност врз минувачите.

Граѓаните алармираат, надлежните да излезат на терен и да ја санираат пред да се случи некоја незгода.
Никола Ивановски

