Балтикот се исклучува од руската мрежа

Сподели со своите пријатели

Балтичките држави ги прекинуваат врските со руската електрична мрежа, кои датираат од 1950-тите, и планираат понатамошна интеграција со Европската унија.

Loading...

Оваа одлука уследи по сомневањата за саботажа на подморските кабли, што ги забрза напорите за зајакнување на регионалната безбедност.

Естонија, Летонија и Литванија рано утринава се исклучија од заедничката IPS/UPS мрежа и, доколку тестовите бидат успешни, утре ќе се синхронизираат со електричната мрежа на ЕУ.

Плановите за одвојување од руската мрежа, кои се разгледуваа со децении, беа актуелизирани откако Москва го анектираше Крим во 2014 година.

Овие три земји инвестираа речиси 1,6 милијарди евра од 2018 година, главно користејќи средства од ЕУ, за да ги модернизираат своите електрични мрежи и да се подготват за овој потег.

За Русија, ова одвојување значи дека нејзината ексклава Калининград, лоцирана помеѓу Литванија, Полска и Балтичкото Море, ќе биде отсечена од главната руска мрежа и ќе мора да одржува сопствен електроенергетски систем.

Москва, исто така, беше принудена да инвестира 100 милијарди рубљи (1,03 милијарди долари) во подготовките, вклучително и изградбата на неколку електрани на гас.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Литванија го исклучи својот електроенергетски систем од руската мрежа

„Ги презедовме сите мерки за да обезбедиме непречено и сигурно функционирање на нашиот електроенергетски систем“, рече портпаролот на Кремљ.

Loading...

Овие земји долго време се потпираат на Русија за контрола на фреквенциите и за стабилизирање на нивните електроенергетски мрежи, со што се избегнуваат прекини на електрична енергија.

Сепак, по инвазијата на Москва на Украина во 2022 година, овие земји го направија првиот голем чекор кон енергетската интеграција со ЕУ со прекин на купувањето електрична енергија од Русија.

„Одвојувањето од Русија не не прави ранливи. Напротив, тоа не прави побезбедни“, изјави за Ројтерс литванскиот министер за енергија Жигимантас Ваичијунас.

„Во вакви времиња, заканите не стивнуваат. Напротив, треба да се очекуваат. Се подготвуваме за сите можни сценарија, вклучително и за најрадикалните. Имаме планови да управуваме со секој ризик“.

Регионот на Балтичкото Море е во состојба на готовност откако беа оштетени каблите за струја, телекомуникациските врски и гасоводите меѓу Балтикот и Шведска или Финска.

Се верува дека целата оваа штета е предизвикана од бродови кои влечеле сидра по морското дно, по руската инвазија на Украина.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Европската унија го поддржa Хаг по санкциите на Трамп врз судот

Русија негира вмешаност.

Одвојувањето од Русија го прави Балтикот уште позависен од подморските врски меѓу нив.

Loading...

„Штетата на инфраструктурата е голема загриженост. Тука лежат ризиците и тоа е она што може да биде најлошото сценарио“, вели аналитичарот на ICIS Стефан Константинов.

Поврзаноста на Балтикот со руската мрежа, која датира од 1956 година, значеше дека Русија го стабилизираше и го поддржа нивниот заеднички систем за електрична енергија и дека, кога е потребно, тие можеа да купат електрична енергија од руски електрани на јаглен или гас. Таа безбедносна мрежа повеќе нема да постои.

За ЕУ, тоа исто така значи дека нејзината мрежа ќе мора да ги апсорбира потенцијалните нарушувања на Балтикот, кој сè уште се потпира на увоз на електрична енергија преку три подморски врски со Шведска и Финска, како и преку копнена врска со Полска.

„Поврзаноста меѓу Полска и Литванија е апсолутно клучна… ние ја штитиме по секоја цена“, изјави за Ројтерс портпаролот на полскиот мрежен оператор PSE.

„Пред неколку години се грижевме само за дрвја што паѓаат на далноводи. По сомнителните оштетувања на подморските кабли, се е поинаку.“

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Русите тврдат дека го освоиле клучниот рударски град во Донбас: Но, изгледа како град на духови (ВИДЕО)

Полска и балтичките земји распоредија поморски сили, елитни полициски единици, патролни чамци и хеликоптери за зајакнување на безбедноста.

Литванската армија започна со вежби за заштита на копнената врска со Полска.

Воената алијанса на НАТО го зголеми своето присуство со фрегати, авиони и поморски беспилотни летала.

Loading...

Оштетувањето на двата преостанати подморски кабли ќе го принуди Балтикот да ги рестартира своите застарени и скапи електрани на гас и шкрилци, кои во голема мера се надвор од употреба со години.

Аналитичарите велат дека ова може да доведе до пораст на цените на електричната енергија на нивоа што не се забележани од инвазијата на Украина, кога цените на енергијата вртоглаво пораснаа.

Литванскиот мрежен оператор Литгрид рече дека сите големи балтички електрани ќе мора да бидат во функција доколку се исклучат подводните врски.

Ова може да доведе до скок на цената на основната струја на 200-500 евра за мегават-час, во споредба со сегашните 70-100 евра, според проценките на енергетските компании и аналитичари.