Балтичките членки на НАТО ќе разговараат за безбедноста на самит во Хелсинки

Сподели со своите пријатели

Членките на НАТО во Балтичкото Море во вторник во Хелсинки ќе разговараат за безбедноста на регионот поради неодамнешната серија инциденти на море, за кои постои сомневање дека се обиди за саботажа.

Loading...

Главната цел на самитот е да се изнајдат начини за подобра заштита на критичната инфраструктура во Балтичкото Море и да се спротивстави на заканата од таканаречената руска флота во сенка.

Терминот се однесува на бродови кои Русија ги користи, на пример, за транспорт на нафта со цел да ги заобиколи санкциите воведени поради нејзината инвазија на Украина.

Средбата ја организираа финскиот претседател Александар Стуб и естонската премиерка Кристен Михал.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Шпанија сака да воведе 100 отсто данок на имот за купувачите кои не се од ЕУ земји

Се очекува да учествуваат и лидери од други земји-членки на НАТО на Балтичкото Море, вклучувајќи ги Данска, Германија, Летонија, Литванија, Полска и Шведска.

Генералниот секретар на алијансата, Марк Руте, ќе пристигне од Брисел, а Европската комисија ќе ја претставува нејзиниот потпретседател Хена Виркунен.

Русија, единствената земја со пристап до Балтичкото Море која не е дел од НАТО, не е вклучена.

Самитот го претставува одговорот на земјите-учеснички на неодамнешните инциденти во кои, наводно, намерно биле исечени неколку кабли во Балтичкото Море.

Loading...

Во два од тие случаи, станува збор за оптички кабли меѓу Хелсинки и Росток во северна Германија.

Последниот инцидент се случи кога беше оштетен електричен кабел меѓу Финска и Естонија, а се сомнева дека штетата ја направил танкерот за нафта Игл со своето сидро.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Како ќе заврши војната во Украина? Ова се трите главни сценарија!

Бродот пловел под знамето на Куковите острови, но според Европската унија припаѓа на руската флота во сенка.