И Балканот не остана имун на острата зима во Европа. Во Србија се забележани два смртни случаи. Маж на возрасто од 75 години заболен од деменција е пронајден мртов на полски пат недалеку од своето село Малошишта кај Дољевац. Во селото Јарешник во Босилеград пронајдено е беживотното тело на маж на 49-годишна возраст.
Во Словенија, каде температурите се далеку под нулата, постар маж починал поради премрзнување кога заминал по дрва во близина на Марибор.
Снег од 1,1 метар е регистриран во Албанија, дури и во Тирана каде тоа е реткост. Многу училишта вчера беа затворени, додека патиштата блокирани, а оштетени се и стоплбови на електричните далноводи, што довело до прекин на струјата во многу рурални краеви.
На Косово сите основи и средни училишта се затворени поради екстремно ниски температури, јавува АП.
Ниските температури го отежнуваат сообраќајот и во Хрватска и завориле повеќе училишта, невообичаено, снег паѓа и на јадранската област.