Кошаркарите на Бал фор Лајф се на чекор до пласман во втората кошаркарска лига на Македонија, откако викендов на домашен терен со резултат 89:85 го совладаа составот на МЗТ Скопје Аеродром и го симнаа од тронот во табелата.
Loading...
Натпреварот беше во рамките на 14то коло од третата македонска лига, а домашните кошаркари вредно се изборија за триумфот и уште еднаш докажаа зошто се екипа која до сега нема пораз на домашен терен.
Честитки за противникот, покажаа одлична игра. Почнавме одлично потоа паднавме, не стигна малку заморот, можеби тргнавме преагресивно, потоа се стабилизиравме. Имавме повеќе среќа, меѓутоа иамвме повеќе среќа, поконкретни решенија, повеќе знаење, имавме поконкретни решенија во завршниците на нападите кои на крај донесоа и победа на денешниот натпревар – изјави Стефан Николиќ, тренер на КК Бал фор Лајф.
Се оди според планот, барем до сега како што стојат работите, оваа победа ни го зацврсти тоа место во втора лига, но ништо не е завршено, чекаме да заврши крајот на сезоната. Ова денеска што ја одигравме утакмица е една од потешките, ни следуваат полесни утакмици, така да ќе видиме официјално на крајот на сезоната да можеме да оствариме влез во втора лига и натпреварување на едно повисоко ниво – изјави Дарко Петковски – Спејко.
Во претходниот дел од натпреварувања, МЗТ Скопје го совлада составот на Бал фор Лајф, а вчерашниот меч беше доказ дека кумановци имаат капацитет да ја израдуваат домашната публика.
Loading...
Loading...
Loading...
Loading...
Loading...
Loading...
Loading...
Loading...