Бакнежот може да ви открие каква ќе биде вашата врска

Сподели со своите пријатели

Тоа не е само форма на забава и блискост, туку е основа на здрава и силна врска

Loading...

Замислете дека можете да научите многу од бакнежо. и дека содржи многу информации.

Знаеме дека бакнежот служи за размена на нежност и страст, но тој всушност има и друга улога. Научните истражувања покажуваат дека додека се бакнуваме, ние исто така разменуваме информации за кои не сме ни свесни. Нашите мозочни клетки потоа донесуваат заклучоци, кои можат да одлучат за судбината на понатамошните односи меѓу партнерите.

 

 

Истражувачи од Универзитетот во Оксфорд, детално ги испитале тајните што ги кријат бакнежите и дошле до резултат дека жените можат подобро да препознаат кој партнер им одговара после бакнувањето. Тие се попребирливи и му придаваат поголемо значење. Овој вид нежност ни открива што сака некој, здравје, и на крај, колку е сигурна личност.

Покрај тоа, дамите сакаат да најдат партнер на долг рок, особено ако планираат да имаат дете. Додека се бакнуваат, партнерите разменуваат супстанција наречена себум, која ја произведуваат жлездите. Ова се случува со допирање на кожата околу и внатре во устата. Себумот содржи феромони, кои ни даваат вредни информации за другото лице. Тој открива што е заедничко за парот.

Loading...

 

 

Понатаму, оваа супстанца крие дали партнерот е доволно здрав и способен да создаде семејство. Се разбира, процесот на проценка се одвива несвесно, но исто така влијае и на нашата одлука. Дури 60 проценти од испитаниците изјавиле дека изгубиле интерес за потенцијална врска, по лошиот прв бакнеж. Бакнувањето може да ја разбуди привлечноста, но ако не е толку добро како што очекувавме, тоа го прави и одбивност.

Бакнежот ја зајакнува врската помеѓу две лица кои се сакаат, бидејќи го стимулира лачењето на окситоцин, познат како љубовен хормон. Покрај овој хормон, се лачи и серотонин, кој го крева расположението, ја приближува двојката и создава доверба. Од друга страна, работата на кортизол, хормон на стрес, е минимална. Веројатно ќе размислите за сето ова следниот пат кога ќе размените бакнежи со вашиот партнер.

Тоа не е само форма на забава и блискост, туку е основа на здрава и силна врска.