Бакарен материјал бил украден од магацин на ЕВН Македонија во Куманово, а случајот утринава во полиција го пријавил вработен.
Loading...
На 30- .06.2023 година во 10.20 часот во СВР Куманово од страна на вработен во ЕВН Македонија КЕЦ-Куманово било пријавено дека непознат сторител со употреба на сила отворил магацин лоциран на улица „Доне Божинов“ во Куманово и одзел бакарни предмети, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Екипа од СВР Куманово извршила увид на местото и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Никола Ивановски