Бајден во Полска, посетата почнува во близина на границата со Украина

Сподели со своите пријатели

Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска ќе го посети полскиот град Жешов, на околу 80 километри од границата со Украина, соопшти Белата куќа.

Loading...

Полскиот претседател Анджеј Дуда ќе го пречека Бајден на аеродромот Жешов, кој е на два и пол часа возење од Лавов, во западна Украина.

Белата куќа синоќа соопшти дека ќе го информира Бајден во тој град за хуманитарната ситуација и приливот на бегалци од Украина од 24 февруари, кога Русија ја започна инвазијата на таа земја.

Бајден ќе се сретне со американски војници стационирани во регионот, а во текот на вечерта ќе ја посети Варшава, каде за утре се закажани разговори со Дуда.

Бајден потоа ќе одржи говор „за обединетите напори на слободниот свет да го поддржи украинскиот народ, да ја повика Русија одговорна за нејзината брутална војна и да ја брани иднината заснована на демократски принципи“, додаде Белата куќа.

Американскиот претседател доаѓа во Полска од Брисел, каде што учествуваше на неколку самити – НАТО, Групата седум најиндустриски развиени земји (Г7) и лидерите на Европската унија.