Бајден вети разорни санкции

Сподели со своите пријатели

Американскиот претседател Џо Бајден вети дека ќе воведе разорни санкции против Русија откако земјата ја нападна Украина.

Loading...

Бајден ја објави пораката на Твитер пред вечерашното обраќање до нацијата. Тој тврди дека санкциите ќе имаат погубни последици за руската економија. По веста за рускиот напад, Бајден ги собра своите советници во познатата „ситуациона соба“ на Белата куќа.

 

 

Тој не ја исклучи можноста за воведување санкции лично за Путин

Тој потоа учествуваше на виртуелниот состанок на Г7, група од најразвиените земји во светот која остро го осуди рускиот претседател Владимир Путин за нападот на Украина.

Американците веќе воведоа санкции за компанијата која управува со нафтоводот Северен тек 2, две руски банки, ВЕБ и ПСБ и пет олигарси блиски до Владимир Путин. Бајден не ја исклучи можноста за воведување санкции за лично Путин.

Loading...