Ако сте вакцинирани, заштитени сте, ве молам, вакцинирајте се, рече американскиот претседател Џозеф Бајден денес во Белата куќа, зборувајќи за планот за вакцинација.
Тој ја упати оваа порака неколку дена откако не беше исполнета целта 70% од граѓаните да бидат имунизирани барем со една доза до Денот на независноста, 4 јули.
– Америка се враќа и се спојува. Борбата против вирусот не е завршена. Милиони граѓани не се вакцинирани. Тоа стана поголема загриженост поради делтата варијанта на вирусот, кој е полесен за пренесување и е поопасен – рече Бајден, додавајќи дека 160 милиони луѓе ќе бидат вакцинирани до крајот на неделава, пренесува Гласот на Америка.
Центрите за контрола и заштита на болести на САД во петокот соопштија дека 67 проценти примиле единечна доза вакцина „ковид-19“, а 47 проценти примиле две дози.
Бајден прогласи делумна победа за време на церемонијата на Денот на независноста во неделата вечерта во Белата куќа.

