Бајден ублажи казни за 2.500 лица осудени за ненасилни прекршоци за дрога

Сподели со своите пријатели

Американскиот претседател Џозеф Бајден помилува речиси 2.500 луѓе осудени за ненасилни прекршоци за дрога, три дена пред да му ја предаде функцијата на новоизбраниот претседател Доналд Трамп.

Loading...

Бајден рече дека осудените „одлежале подолги казни отколку што би добиле денес според сегашните закони“ и дека неговите потези ќе ги исправат „историските неправди“, рече тој.

Бајден изрекол повеќе индивидуални помилувања од кој било друг претседател во историјата на САД.

Одлуката стапи на сила откако Бајден претходно помилува 37 од 40 осуденици на смрт и издаде помилување во декември, вклучувајќи го и помилувањето на неговиот син Хантер Бајден, пренесува Танјуг.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Премиерот на Гренланд испрати јасна порака до Данците и Американците

Бајден рече дека помилувањата се однесуваат на луѓето „кои добиле долги казни поради застарени разлики меѓу крек кокаин и кокаин во прав“.

Претседателот нагласи дека Конгресот, преку неодамнешното законодавство, признал „дека е време да се изедначат овие разлики во казните“.