Бајден сѐ уште нема донесено одлука за забрана за увоз на руска нафта

Сподели со своите пријатели

Претседателот на Соединетите Американски Држави (САД), Џо Бајден, сѐ уште нема донесено конечна одлука за забраната за увоз на руска нафта, соопшти Белата куќа, јавува Anadolu Agency (AA).

Loading...

Портпаролката на Белата куќа Џен Псаки рече дека разговорите за ова прашање се во тек во администрацијата на Бајден, како и разговори со меѓународните партнери.

 

На чија страна се земјите од Блискиот исток?

 

Претходно рускиот вицепремиер Александар Новак изјави вчера дека ембаргото на руската нафта ќе предизвика катастрофа на пазарите, а цената на нафтата за барел може да надмине 300 долари.