Бајден разговара со лидерите на Г7 за Русија

Сподели со своите пријатели

Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска е на виртуелна средба со другите лидери на Групата седум индустриски најразвиени земји (Г7), откако го обвини рускиот претседател Владимир Путин дека започнал „војна со намера“ против Украина, соопшти Белата куќа.

Loading...

Белата куќа соопшти дека лидерите разговарале за заеднички одговор на наводниот неиспровоциран и неоправдан напад врз Украина, пренесува Гардијан.

Станува збор за виртуелна средба на САД и сојузниците, која е во тек, додаваат од Белата куќа, а пренесува Ројтерс.

Исто така, беше најавено дека Бајден ќе и се обрати на нацијата подоцна денеска.

Бајден за денеска свика состанок на Советот за национална безбедност поради последните случувања во Украина, изјави претставник на Белата куќа.

Американскиот претседател претходно изјави дека рускиот претседател Владимир Путин избрал „војна со предумисла“ што ќе доведе до катастрофални загуби на животи и човечко страдање.

„Молитвите на целиот свет вечерва се со украинскиот народ кој трпи неиспровоциран и неоправдан напад од руските воени сили. Претседателот Путин избра војна со предумисла што ќе доведе до катастрофални загуби на животи и човечки страдања. Русија е единствена одговорна за жртвите и уништувањето „САД и нивните сојузници ќе одговорат на обединет и одлучен начин. Светот ќе се погрижи Русија да одговори“, рече Бајден, според Белата куќа.

 

Loading...