Бајден прогласи катастрофа по ударот на ураганот Ида

Сподели со своите пријатели

Американскиот претседател Џо Бајден прогласи катастрофа во Луизијана и нареди да се обезбеди федерална помош за областите погодени од ураганот Ида, соопшти Белата куќа.

Loading...

„Помошта може да вклучува средства за привремено сместување и обнова на домови, заеми со ниски камати за покривање на загубата на неосигурени средства и други програми за помош за да им помогнат на поединците и сопствениците на бизниси да закрепнат од катастрофа“, се вели во соопштението.

Ураганот Ида, кој во неделата стигна до брегот на Луизијана како ураган од категорија 4, со ветрови со брзина од околу 240 километри на час, облаци и високи бранови што потопија голем дел од брегот, а во меѓувреме ослабе до категорија 2 по скалата Сафир-Симпсон.