Американскиот претседател Џозеф Бајден пристигна на самитот на НАТО во Брисел, каде што беше пречекан од генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг.
Бајден синоќа пристигна во Европа за да присуствува на самитот на Алијансата, на кој ќе се фокусира војната во Украина.
Договорени седум коридори за евакуација од украинските градови
Како што беше претходно најавено, лидерите на НАТО ќе разговараат за зајакнување на источниот блок, што значи испраќање дополнителни војници во Бугарија, Романија, Унгарија и Словачка.
Иако при посетата на Европа доби покана да отпатува во Киев, од кабинетот на Бајден најавија дека американскиот претседател ќе оди во Полска, но не и во Украина.
[LIVE] #NATO Secretary General @jensstoltenberg welcomes @POTUS Joe Biden 🇺🇸 to the #NATOSummit https://t.co/PETyVGgnzs
— Oana Lungescu (@NATOpress) March 24, 2022