Бајден повика да се разгледа укинувањето на царините за Кина

Сподели со своите пријатели

Американскиот министер за трговија Џина Раимондо изјави денеска дека американскиот претседател Џо Бајден побарал од неговиот тим да ја разгледа опцијата за укинување на некои царини за Кина, воведени од поранешниот претседател Доналд Трамп, со цел да се влијае на сегашната висока стапка на инфлација.

„Ја разгледуваме таа можност. Всушност, претседателот побара од нас да направиме анализа, што ја правиме, но тој ќе треба да донесе конечна одлука“, изјави Раимондо во денешното интервју за Си-Ен-Ен.

Таа посочи дека има производи како што се предмети за домаќинството, велосипеди и слично за кои би имало смисла да се размислува за укинување на тарифите и додаде дека администрацијата одлучила да задржи дел од царините за челик и алуминиум за да ги заштити американските работници и металоиндустриски комплекс.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ICE ќе користи ловци на глави за да бара нелегални мигранти

Бајден потврди дека размислува за укинување на некои царини наметнати од неговиот претходник за стоки од стотици милијарди долари на кинески стоки во 2018 и 2019 година во екот на жестоката трговска војна меѓу двете најголеми економии во светот.

Кина соопшти дека намалувањето на царините ќе ги намали трошоците за потрошувачите и купувачите во САД.