Белата куќа ќе поддржи предлог-закон кој ќе овозможи конфискација на замрзнатите руски средства и нивно пренесување во Украина, пишува Блумберг.
„Администрацијата (на американскиот претседател Џозеф Бајден) „во принцип“ поддржува нацрт-закон што ќе овозможи конфискација на имотот, според ноемврискиот меморандум од Советот за национална безбедност (советодавно тело на американскиот претседател) испратен до Сенатот за надворешни односи “, се наведува во текстот.
Забележано е дека Џозеф Бајден одлучил да ја поддржи идејата за конфискација на рускиот имот, откако републиканците ја блокираа распределбата на дополнителна помош за Киев во износ од 60 милијарди долари.
Во јуни 2023 година, сенаторите претставија нацрт-закон со кој се дозволува конфискација на рускиот имот и негово пренесување во Украина.
Во исто време, Белата куќа сака да ги координира активностите со другите земји од Г7 за да го намали ризикот од поткопување на довербата во САД од страна на странските инвеститори, пишува Блумберг.
Претходно оваа недела американската агенција, повикувајќи се на американската министерка за финансии Џенет Јелен, објави дека Вашингтон се уште нема донесено одлука за конфискација на имотот и дали ќе учествува во развојот на можните опции во рамките на Г7, пренесува Спутник.