Бајден: Оваа земја не ја изгради Волстрит, туку средната класа

Сподели со своите пријатели

Американскиот претседател Џо Бајден ја бранеше својата економска политика на Конвенцијата на Сојузот на американските синдикати што се одржа во Филаделфија во време кога на Волстрит расте стравот од рецесија.

Loading...

„Волстрит не ја изгради оваа земја, средната класа ја изгради оваа земја. Не сакам повеќе да слушам лаги за несовесно трошење. Ги менуваме животите на луѓето“, истакна Бајден.

Тој додаде дека доколку инвестициските банкари штрајкуваат, нема многу да се смени во американската економија, пренесува Танјуг.

Бајден разговарал со околу 2.000 членови на синдикатот, лидери и државни и локални функционери на Четиригодишната конвенција на Американската федерација на трудот и конгресните индустриски организации (AFL-CIO), на која лидерите на синдикатот се согласуваат за стратегија за идна акција.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Што би можел да направи Трамп на својот прв ден во Белата куќа?

Федерацијата вклучува 57 синдикати со членство од 12,5 милиони работници.

Бајден потсети и на редиците за храна и затворањето на работните места за време на мандатот на поранешниот претседател Доналд Трамп и посочи дека стапката на невработеност денеска е на рекордно ниско ниво.

„Каков контраст. Обичните луѓе чекаат ред цел час за да купат вреќа храна, а политиката на Трамп создаде повеќе милијардери од кога било досега во американската историја“, посочи Бајден.