Бајден официјално ја претстави кандидатурата на генералот Лојд Остин за министер за одбрана

Сподели со своите пријатели

Новоизбраниот американски претседател Џо Бајден официјално ја претстави кандидатурата на генералот во оставка Лојд Остин за министер за одбрана. Доколку биде одобрен од Конгресот, тој ќе биде првиот афроамериканец шеф на Пентагон.

Loading...

Според законот, американскиот министер за одбрана не смее да бил во армијата најмалку седум години пред да ја преземе функцијата. Остин (67) се повлече од војската во 2016 година, поради што беше потребно двата дома на Конгресот да гласаат за да се направи исклучок од правилото.

Претходно, таквата дозвола беше дадена за првиот министер за одбрана во администрацијата на претседателот Доналд Трамп – Џејмс Матис.

Бајден побара кандидатурата на Остин да биде одобрена што е можно поскоро. Според неговите зборови, „тој е човекот што ни треба во моментот“.

За време на неговата 40-годишна кариера како армиско лице, ген. Остин избегнуваше јавни настапи. Меѓу неговите позиции е и – началник на Централната команда на вооружените сили, кој ги контролира американските сили на Блискиот исток.

 

Leave a Reply