Бајден: Никој не е над законот, дури ни претседателот на САД

Сподели со своите пријатели

Американскиот претседател Џозеф Бајден, по одлуката на американскиот Врховен суд со која на Доналд Трамп и на другите претседатели им даде широк имунитет од кривично гонење, изјави дека пресудата го поткопува владеењето на правото.

Loading...

Судската одлука прави речиси сигурно дека Трамп нема да се соочи со судење во Вашингтон пред ноемвриските избори, на кои тој е републикански претседателски кандидат, за неговите постапки за време на насилните немири на 6 јануари 2021 година, јавува Гласот на Америка.

„Никој не е над законот, дури ни претседателот на САД“, рече Бајден во Белата куќа.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трамп забрани учество на трансродови спортисти во женски спортови

За време на кусото обраќање, Бајден не ја спомна минатонеделната дебата или неговиот настап и не одговараше на прашања.

„Знам дека ќе ги почитувам границите на претседателската моќ како што ги имам веќе три и пол години, но секој претседател, вклучително и Доналд Трамп, сега ќе може слободно да го игнорира законот“, рече Бајден, пренесе Танјуг.

Вчера американскиот Врховен суд донесе историска пресуда за случајот на Доналд Трамп, кој побара тој суд да одлучи дали како поранешен претседател е имун од кривично гонење.

Со 6 конзервативни гласа „за“ и 3 либерални гласа „против“, највисокиот суд во Америка одлучи дека поранешните претседатели имаат апсолутен имунитет од кривично гонење за дела сторени додека биле на функција, додека немаат имунитет за дела извршени надвор од функцијата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Иран го отфрла планот на Трамп за присилно раселување на Палестинците

Врховниот суд на САД не одлучи сам како конкретно да го примени во случајот на Трамп, а главниот судија Џон Робертс рече дека тоа треба да зависи од пониските судови.

Loading...