Бајден: Нема да ги поддржам израелските напади врз иранските нуклеарни постројки

Сподели со своите пријатели

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Џозеф Бајден изјави дека нема да поддржи израелски напад врз локации поврзани со иранската нуклеарна програма како одговор на иранскиот ракетен напад врз Израел.

Loading...

– Одговорот е не – им рече Бајден на новинарите на прашањето дали ќе поддржи таква одмазда откако Иран во вторникот истрела речиси 200 балистички ракети кон Израел, пренесува АП.

Американскиот претседател денеска разговараше со лидерите на Г7 (САД, Канада, Франција, Германија, Италија, Јапонија и Велика Британија) за координација на новите санкции против Иран, а по тие телефонски разговори Белата куќа објави дека Г7 водачите „категорично го осудија иранскиот напад врз Израел“.

– Ќе разговараме со Израелците што ќе направат, но сите седуммина (земјите од Г7) се согласуваме дека имаат право да одговорат, но тие треба да одговорат пропорционално – им рекол Бајден на новинарите, пренесе Ројтерс.

Бајден рече дека ќе бидат воведени нови санкции кон Иран и додаде дека наскоро ќе разговара со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

– Очигледно е дека Иран далеку отстапи од курсот – нагласи тој.

Иран вчера лансираше повеќе од 180 балистички ракети кон Израел, потег што Бајден претходно го опиша како „неефикасен“.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вети дека Иран ќе плати за нападот. Некои аналитичари велат дека одговорот на Израел најверојатно ќе биде поостар овој пат, сугерирајќи дека Израел би можел да ги таргетира иранските нуклеарни или нафтени постројки.

Loading...