Бајден меѓу рејтингот и евакуацијата: Паѓа рејтингот на американскиот претседател

Сподели со своите пријатели

Американскиот претседател Џозеф Бајден смета дека целосната евакуација на американските граѓани ќе биде завршена до крајниот рок, 31 август.

Loading...

Истото мислење го има и Пентагон, додека двопартиска група конгресмени смета дека ветувањето на Бајден е нереално.

Во исто време, популарноста на американскиот претседател драстично опаѓа.

Џозеф Бајден изјави дека до синоќа биле евакуирани речиси 76 илјади луѓе од Авганистан, само во последните 12 часа, околу шест и пол илјади.

Како што додаде, со лидерите на седумте најразвиени земји во светот, со кои разговараше вчера, бил постигнат договор да продолжат со напорите и сѐ да биде подготвено за помалку од седум дена.

„Во моментов сме во фаза на завршување на сѐ до 31 август. Секој ден операцијата носи дополнителен ризик за нашите војници. Меѓутоа, завршувањето на процесот на повлекување до 31 август зависи од тоа дали Талибанците ќе продолжат да соработуваат и да дозволат пристап до аеродромот на оние транспортираме и нема да се меша во нашите операции“, рече Бајден.

Мислењето на американскиот претседател го дели и Пентагон.

„Нема промени во распоредот на мисијата, а тоа е да се заврши сѐ до крајот на месецот. Продолжуваме да напредуваме во евакуацијата на Американците и граѓаните кои имаат специјални имигрантски визи”, изјави Џон Кирби, портпарол на Пентагон.

Loading...

Група конгресмени смета дека Бајден не е во состојба да го исполни ветувањето

Меѓутоа, двопартиска група конгресмени смета дека Бајден не е во состојба да го исполни она што го ветува.

„Кога претседателот вели дека 31 -ви август е крајниот рок, се прашувам дали и тој го мисли ветеното, а тоа е дека рокот ќе биде 11 септември. Сакаме јасно да му кажеме, не избирајте датуми, туку решете го проблемот и бидете сигурни дека сите Американци се евакуирани“, рече Кевин Мекарти, водач на републиканското малцинство во Претставничкиот дом.

Инаку, рејтингот на претседателот Бајден паѓа секој ден и тој сега има поддршка од околу 48 проценти.