Бајден ќе се сретне со Зеленски во Франција

Сподели со своите пријатели

Американскиот претседател Џозеф Бајден ќе се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Франција за време на церемонијата по повод 80-годишнината од битката за Нормандија во Втората светска војна, објави советникот за национална безбедност на Белата куќа Џејк Саливан.

Loading...

Саливан во вторникот им изјави на новинарите дека САД не планираат да испратат воени инструктори во Украина, пренесува Ројтерс.

„Ним им треба повеќе воздушна одбрана и ние работиме на тоа и им треба постојан проток на оружје, што ќе го обезбедиме“, рече Саливан.

Бајден вчера пристигна во Франција за да ја одбележи 80-годишнината од битката за Нормандија во која американските војници ја нападнаа нацистичката германска армија во Втората светска војна.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трамп забрани учество на трансродови спортисти во женски спортови

Најавено е дека Бајден ќе помине пет дена во Франција, каде што ќе зборува за време на церемонијата и, како дел од официјалната државна посета, ќе разговара со францускиот претседател Емануел Макрон.