Бајден ќе размисли за помошта на Израел во случај на инвазија на Рафах

Сподели со своите пријатели

Американскиот претседател Џозеф Бајден ќе размисли за условување на воената помош за Израел доколку таа земја изврши голема инвазија на Рафах, во Појасот Газа, пишува Politico, повикувајќи се на четворица упатени американски претставници.

Loading...

Според порталот, фактот што Бајден би го разгледал овој чекор ги одразува екстремните тензии во неговите односи со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, кој ги отфрли „посуптилните напори на администрацијата на американскиот претседател да ја контролира ситуацијата во Газа“.

Иако Бајден не донел никаква одлука за ограничување на идните трансфери на оружје, официјални лица рекоа дека тој може да го стори тоа доколку Израел започне нова операција што дополнително ги загрозува палестинските цивили.

Еден од официјалните лица истакна дека Бајден „дефинитивно размислувал“ за задржување на помошта.

Бајден даде различни индикации за тоа што мисли за идната продажба на оружје на Израел, пишува Politico и потсетува дека американскиот претседател минатата година ја нарече идејата за условување на воената помош „вредна за размислување“.

Во интервјуто што го даде викендов за американскиот MSNBC, Бајден, сепак, рече дека ќе продолжи да испраќа оружје во Израел, особено ракетниот одбранбен систем „Железна купола“, но во истото интервју нагласи дека масовните цивилни жртви во Газа се за него „црвена линија“ и дека не е можно да се дозволи да бидат убиени 30.000 Палестинци.

Портпаролката на Советот за национална безбедност Адриен Вотсон во изјава за Политико рече дека „нема да коментира шпекулации од анонимни извори или да додаде (ништо) на она што претседателот го кажа викендов.

Запрашана за подготвеноста на Бајден да ја условува помошта, заменик-секретарот за печат на Белата куќа, Оливија Далтон рече дека „претседателот мисли дека има други пристапи што ги презедовме и дека ги преземаме кои се поефикасни“.

Loading...

Иако Бајден стана поотворено критичен кон операциите на Израел, позицијата на Нетанјаху многу малку се промени, а во неделата тој му кажа на Аксел Спрингер дека неговите сили ќе се преселат во Рафа, и покрај предупредувањата на американскиот претседател, според Политико.

Порталот додава дека повеќето аналитичари веруваат дека израелската инвазија на Рафах ќе се случи по Рамазан, но дека за Бајден останува најголемото прашање дали условеноста на воената помош би го принудила Израел да ја подобри хуманитарната ситуација во Газа.