Американскиот претседател Џозеф Бајден изјави дека има намера да ја задржи американската војска во Авганистан додека не се евакуира последниот Американец, „дури и ако тоа значи кршење на рокот за повлекување на војниците, 31 август“.
Бајден ги отфрли критиките дека САД мораа да направат повеќе во врска со прашањето за евакуација и повлекување, што досега го означи насилството и хаосот во главниот град Кабул, бидејќи стотици илјади луѓе се обидоа да ги напуштат Талибанците, кои сега ја држат власта.
Претседателот на САД изјави за американската медиумска куќа „Еј -Би -Си њуз“ дека ќе „стори сé што е во негова моќ“ за да ги евакуира Американците и американските сојузници од Авганистан пред 31 август.
Запрашан во неколку наврати – како администрацијата планира да им помогне на Американците да го напуштат Авганистан по 31 август, Бајден одговори дека „дури и ако американските граѓани останат по планираниот рок, армијата ќе остане и ќе ги извлече сите“.
Откако Талибанците дојдоа на власт во неделата, околу 15.000 Американци останаа во Авганистан, а армијата досега евакуираше 6.000 луѓе, додава Си -Ен -Ен, без да прецизира колку американски државјани има меѓу нив.

