Бајден ќе ја именува Џен Псаки за портпарол на Белата куќа

Сподели со своите пријатели

Новоизбраниот американски претседател Џозеф Бајден планира да ја назначи Џен Псаки за портпарол на Белата куќа во неговата нова администрација, се наведува во соопштението објавено на официјалната веб-страница на демократот.

Loading...

Псаки беше официјален претставник на Белата куќа и Стејт департментот во администрацијата на 44-от претседател на САД, Барак Обама. Таа сега е советник во преодниот тим на Бајден.

Бајден најави дека ќе ја назначи Кејт Бедингфилд за директор за комуникации во Белата куќа. Таа беше заменик-директор на кампањата на демократот, но, исто така, и директор за комуникации во главниот штаб. Шефот за комуникации во Белата куќа ја контролира целата политика на јавна комуникација на американската администрација.

– Горд сум што објавувам дека првпат клучниот тим за односи со медиумите во Белата куќа ќе се состои единствено од жени, истакна новоизбраниот претседател.

Карин Жан-Пјер ќе биде првиот заменик-портпарол на Белата куќа. Идната потпретседателка на САД Камала Харис официјално ќе биде претставувана од Симон Сандерс и Ешли Етјен. Претходно, Сандерс и Жан-Пјер беа високи советници во кампањата на Бајден. Првата дама на САД, Џил Бајден ќе ги контролира односите со новинарите заедно со Елизабет Александар.

Габриела Точко

Leave a Reply