Жените кои патуваат за абортуси ќе бидат заштитени од федералната влада, изјави претседателот на Соединетите Американски Држави, Џо Бајден.
Да потсетиме, милиони жени во САД го загубија уставното право на абортус минатиот месец, откако американскиот Врховен суд ја укина 50-годишната одлука „Ро против Вејд“.
Жените во државите каде што абортусот е забранет или ограничен може да бидат принудени да ги преминат државните линии во делови од земјата каде што постапката е сè уште легална.
Говорејќи на виртуелен состанок со демократските гувернери на државите, Бајден рече дека верува оти некои американски држави ќе се обидат да уапсат жени кои ги преминале државните граници за да пристапат до абортус.
– Мислам дека луѓето не веруваат дека тоа ќе се случи. Но, тоа ќе се случи – рече Бајден.
Тој додаде дека владата ќе обезбеди пристап до апчиња за абортус во државите каде што тоа е забрането.
Бајден, исто така, рече дека само победите на демократите на среднорочните избори ќе му дадат на Конгресот овластување да ги врати федералните права за абортус – тој рече дека тоа ќе оди на еден или на друг начин по ноември.