На денот кога Соединетите Американски Држави ја одбележуваат годишнината од независноста, во Сојево, во близина на Урошевац, започнати се работите за уредување на просторот каде што ќе биде поставена статуата на сегашниот американски претседател Џо Бајден.
Приштинските медиуми јавуваат дека станува збор за акција иницирана во „чест на САД“, и дека активисти на мрежата на невладини организации „Авонет“ и припадници на американскиот КФОР од блискиот камп „Бондстил“, како и граѓани на Урошевац, учествуваат во неа.
Проектот, кој ќе биде финансиран од граѓани и компании од Урошевац, се очекува да чини повеќе од 600.000 евра.
Во близина се наоѓа обелиск подигнат во чест на синот на американскиот претседател Џо Бајден, по кого е именуван дел од автопатот Гњилане – Урошевац.
Спомениците на Бил Клинтон веќе се подигнати во Косово по конфликтот во 1999 година, во поширокиот центар на Приштина.
Бистата на поранешната шефица на Стејт департментот Медлин Олбрајт беше подигната во истиот град, а минатата година и на сенаторот Боб Дол.
Статуа на Вилијам Вокер беше подигната во Рачак.