Владата на Велика Британија денеска објави дека американскиот претседател Џо Бајден ја поздравил желбата на новиот британски премиер Кир Стармер за поблиски врски со Европската унија.
„Претседателот ги поздрави неодамнешните коментари на премиерот за воспоставување поблиски односи со нашите европски колеги, како и посветеноста на Велика Британија кон АУКУС (Трипартитен пакт за воена безбедност меѓу Австралија, Велика Британија и Соединетите држави)“, се вели во соопштението на британската влада, пренесува „Ројтерс“.
Стармер вчера се сретна со Бајден, каде што двајцата лидери разговараа за односите меѓу Велика Британија и САД, конфликтите во Украина и Газа и фудбалската победа на Англија во полуфиналето на Европското првенство во 2024 година.
Стармер рече дека сака Обединетото Кралство да ги обнови односите со ЕУ за да ја подобри соработката во области како што се безбедноста и трговијата, настојувајќи да го олесни непријателството предизвикано од Брегзит во 2016 година.
Сепак, премиерот, наводно, отфрли каков било потег за повторно приклучување на единствениот пазар на ЕУ или царинската унија.
Стармер беше во Вашингтон на самитот на НАТО, каде што се состана со европските лидери, вклучувајќи го и германскиот канцелар Олаф Шолц.