Бајден: Израел е подготвен да ги запре борбените операции за време на Рамазан под еден услов

Loading...
Сподели со своите пријатели

Американскиот претседател Џозеф Бајден изјави дека Израел ќе биде подготвен за прекин на огнот во Газа за време на претстојниот муслимански пост Рамазан, доколку се постигне договор за ослободување на некои од заложниците кои ги држат екстремистите на Хамас.

Преговарачите од САД, Египет и Катар работат на договор со кој Хамас ќе ослободи некои од десетиците заложници што ги држи во Газа во замена за палестинските затвореници во израелските затвори и шестнеделното примирје.

Во тој период би продолжиле преговорите за ослободување на преостанатите заложници.

Израел допрва треба да одговори на изјавата на Бајден, објавена претходно денеска.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Газа: Најмалку 74 убиени во израелски напад врз кафуле и луѓе што бараат храна

Рамазан, кој започнува околу 10 март, се смета за неофицијален рок за договорот за прекин на огнот.

Тоа е време кога стотици милиони муслимани ширум светот се молат и постат од утро до мрак.

Вчера Бајден изрази надеж дека договорот за прекин на огнот може да стапи на сила до следната недела.

За време на прекинот на огнот, ќе продолжат преговорите за ослободување на преостанатите заложници и ослободување на повеќе палестински затвореници кои ги држеше Израел.

Loading...

„Доаѓа Рамазан и постои договор од страна на Израелците да не се занимаваат со активности и за време на Рамазан, да ни дадат време да ги ослободиме сите заложници“, изјави Бајден за NBC.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Израел тврди дека крајот на војната во Газа е близу: Во вчерашниот напад убиени најмалку 100 луѓе

Тој не повика на прекин на војната предизвикана од смртоносните напади во јужен Израел на 7 октомври, но ја остави отворена можноста за израелска копнена офанзива врз градот Рафах во јужниот дел на Појасот Газа, на границата со Египет.

Повеќе од половина од 2,3 милиони жители на Газа се засолниле таму под израелска наредба за евакуација.

Изгледите за инвазија на Рафах предизвикаа тревога во светот поради стравувањата за судбината на палестинските цивили.Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека копнената операција во Рафа е неизбежна компонента на стратегијата на Израел за уништување на Хамас.

Во понеделникот, Бајден рече дека верува оти Израел го намалил интензитетот на нападот врз Рафах.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Колку навистина се оштетени нуклеарните постројки на Иран?

Тој рече и дека му било ветено дека голем дел од Рафа ќе биде евакуиран пред почетокот на офанзивата.