Бајден: Има реални шанси примирјето во Газа да биде продолжено

Сподели со своите пријатели

Претседателот на Соединетите Американски Држави Џо Бајден изјави дека ослободувањето на првата група заложници од Хамас е само почеток и дека има реални шанси за продолжување на привремениот прекин на огнот во Газа.

Говорејќи пред новинарите во Масачусетс на Денот на благодарноста, тој рече дека во следните неколку дена очекуваат десетици заложници да им бидат вратени на нивните семејства.

„Исто така, се сеќаваме на сите оние кои сè уште се во притвор и ја обновуваме нашата посветеност да работиме и за нивно ослободување“, рече Бајден.

Според Си-Ен-Ен, тој рекол дека Хамас го извршил терористичкиот напад бидејќи нивниот најголем страв се Израелците и Палестинците кои живеат еден до друг во мир.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Санкции од Брисел и Вашингтон за Москва: ЕУ забрани увоз на гас, Трамп „удри“ врз Лукоил и Роснефт

„Мораме да ставиме крај на циклусот на насилство на Блискиот Исток и да ја обновиме нашата решеност да продолжиме со решение за две држави во кое Израелците и Палестинците еден ден ќе можат да живеат рамо до рамо, со еднаква мерка на слобода и достоинство“, рече Бајден.