Бајден им порача на Американците веднаш да ја напуштат Украина (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Претседателот на САД Џозеф Бајден ги повика американските граѓани веднаш да ја напуштат Украина и порача дека нема да испрати војници да ги спасат кога ќе бегаат од земјата, доколку Русија ја нападне.

Loading...

Бајден изјави за NBC News дека работите би можеле брзо да излезат од контрола, пренесува Ројтерс.

Претходно американскиот Стејт департмент ги повика Американците во Украина веднаш да ја напуштат земјата поради, како што тврдат, „зголемените закани од руската воена акција“.

„Не патувајте во Украина поради зголемените закани од руската воена акција и Ковид-19“, се вели во советодавните упатства на Стејт департментот.

Се наведува и дека Американците кои се во Украина треба веднаш да ја напуштат земјата со комерцијални средства или сами, пренесува Ројтерс.

Русија постојано негираше дека планира да ја нападне Украина, но поради акумулацијата на повеќе од 100.000 војници во близина на украинската граница, некои западни земји, вклучително и САД, тврдат дека може да ја нападне Украина во секое време.

 

Loading...