Бајден и Путин се согласија на самит за Украина на предлог на Макрон

Сподели со своите пријатели

Рускиот и американскиот лидер ќе разговараат за ситуацијата во Украина на предлог на францускиот претседател.

Loading...

Американскиот претседател Џо Бајден и рускиот претседател Владимир Путин начелно се договорија за самитот за Украина на предлог на францускиот претседател Емануел Макрон, како можен излез од кризата околу Украина.

Кабинетот на францускиот претседател соопшти дека Макрон на двајцата лидери им предложил самит за „безбедност и стратешка стабилност во Европа“.

Белата куќа во соопштението наведе дека Бајден начелно ја прифатил средбата, но само доколку нема инвазија.

 

Кремљ: Сè уште нема конкретни планови, но Путин и Бајден можат да се сретнат во секое време

 

„Секогаш сме подготвени за дипломатија. Подготвени сме и да наметнеме брзи и тешки последици доколку Русија наместо тоа избере војна“, изјави портпаролката на Белата куќа Џен Псаки.

Loading...

Договорот за самитот дојде по бројните телефонски разговори меѓу Макрон, Бајден, Путин и британскиот премиер Борис Џонсон.

Деталите за самитот сѐ уште не се познати, а кабинетот на Макрон и Белата куќа најавија дека неговата содржина ќе ја разработат американскиот државен секретар Ентони Блинкен и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лабров за време на средбата закажана за среда на 24 февруари.

Веста за самитот доаѓа по повеќедневните засилени тензии во источна Украина, поттикнати од трупањето руски војници долж украинската граница. Руските сили се распоредени од крајот на минатата година, а Западот тврди дека ова е вовед во инвазијата. Москва негира.

Нервозата дополнително ја влоши вчерашната одлука на Русија да продолжи со воените вежби во Белорусија и новите сателитски снимки кои покажуваат нови распоредувања на руско оружје и војници долж границата.