Бајден и Нетанјаху разговараа за заложниците, прекинот на огнот, хуманитарната помош за Газа

Сподели со своите пријатели

Американскиот претседател Џозеф Бајден разговараше со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за ситуацијата во Појасот Газа и тие се согласија да продолжат да соработуваат за ослободување на преостанатите заложници, соопшти Белата куќа.

Loading...

Бајден го поздрави ослободувањето на заложниците од Хамас во изминатите три дена, вклучително и една американска девојка.

Лидерите разговараа и за привремен прекин на огнот и неопходноста од доставување поголема хуманитарна помош за Појасот Газа.

Нетанјаху му се заблагодари на Бајден за неговото посредување во преговорите со Хамас и се согласија дека работата не е завршена и дека ќе продолжат да соработуваат за ослободување на преостанатите заложници.

Договорено е Бајден и Нетанјаху да останат во близок контакт и во наредните денови, пренесува Танјуг.