Бајден и Мелони разговараа за Украина, трговијата и меѓусебните односи

Сподели со своите пријатели

Американскиот претседател Џо Бајден во Белата куќа разговараше со италијанската премиерка Џорџа Мелони за војната во Украина, трговијата и билатералните односи.

Loading...

За време на дел од состанокот отворен за печатот, Бајден ја пофали Италија за нејзиниот цврст став кон Украина, а Мелони рече дека е горда што Италија го бранела меѓународното право.

Кога станува збор за трговската соработка меѓу САД и Италија, Бајден рече дека во иднина ќе има „само зголемувања“.

„Зборуваме за нашата продлабочена економска врска која ја зголеми трговијата за повеќе од 100 милијарди долари минатата година. Според мое мислење, нема причина зошто да не продолжиме да го зголемуваме“, рече Бајден, според Ројтерс.

Мелони оцени дека односите меѓу Рим и Вашингтон се силни, без разлика на политичката ориентација.

„Нашите односи се силни. Тие ги надминуваат владите и стојат цврсто без разлика на политичката боја. Знаеме кои се нашите пријатели во тешките моменти“, изјави италијанскиот премиер.