Бајден и Макрон му честитаа на новиот бразилски претседател

Сподели со своите пријатели

Американскиот претседател Џо Бајден во неделата му честиташе на новоизбраниот бразилски претседател Луис Инасио Лула да Силва за неговата победа на „слободни, фер и кредибилни избори“, рече Бајден рече дека со нетрпение очекува да продолжи соработката меѓу нивните две земји.

Loading...

На изборната победа на Лула да Силва му честиташе и францускиот претседател Емануел Макрон, кој во објава на Твитер напиша дека „ќе ги обнови врските на пријателството меѓу нашите земји“.

Луис Инасио Лула да Силва победи во вториот круг на претседателските избори во неделата против Жаир Болсонаро, кој не успеа да освои втор мандат.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  САД: Иран се обиде да влијае на изборите испраќајќи пораки до штабот на Бајден

Левичарскиот кандидат Лула освои 50,83 отсто од гласовите, наспроти 49,17 отсто за десничарскиот Жаир Болсонаро, откако беа преброени нешто помалку од 99 отсто од гласовите, потврди Врховниот изборен суд на Бразил.