Бајден го нарече Си диктатор ден по разговорите во Пекинг

Сподели со своите пријатели

Американскиот претседател Џо Бајден вчера го нарече кинескиот претседател Си Џинпинг диктатор, велејќи дека Си бил многу засрамен кога неодамна беше соборен кинески шпионски балон што леташе над САД.

Loading...

Бајден го изјави ова на собирање средства во Калифорнија, еден ден откако американскиот државен секретар Ентони Блинкен се сретна со Си во Пекинг, со цел да се намалат тензиите и ривалството меѓу земјите, пренесува Хина.

„Причината зошто Си Џинпинг толку се вознемири кога го срушив тој балон со „двата вагона шпионска опрема“ е затоа што не знаеше дека е таму. Тоа е голем срам за диктаторите. Кога не знаат што се случило. Скршнал од курсот“, рече Бајден.

Имено, балонот на почетокот на февруари една недела леташе над САД и Канада, а беше соборен по наредба на Бајден над Атлантскиот Океан.

Инцидентот, кој предизвика Блинкен да ја одложи првично планираната посета на Пекинг, како и размена на посети меѓу американски и тајвански официјални лица, ги зголеми тензиите меѓу САД и Кина.