Американскиот претседател Џозеф Бајден изјави денеска дека евакуацијата на американските државјани, Авганистанците и другите кои сакаат да го напуштат Авганистан во текот на викендот е забрзана, „иако е сѐ уште ранлива поради заканите од Исламската држава“, пренесе АП.
Во изјава за новинарите во Белата куќа, Бајден рече дека 11.000 луѓе биле префрлени од аеродромот во Кабул за 36 часа во текот на викендот, но тој не даде повеќе детали.
АП наведува дека тој број очигледно вклучува невоени авиони, како и американски воени транспортни авиони Ц-17 и Ц-130, кои секојдневно превезуваат луѓе од главниот град на Авганистан.
29 забрани за жените што важеле во времето на Талибанците: „Нѐ третираа полошо од животни“
Агенцијата додава дека десетици илјади луѓе сѐ уште чекаат да бидат евакуирани, што е забавено поради безбедносните проблеми и американската бирократија.
Претходно денеска, претставници на американската администрација изјавија дека војската размислува за „креативни начини“ за придружба на луѓе до аеродромот во Кабул поради „акутните безбедносни закани“.
Пентагон претходно нареди шест американски комерцијални авиокомпании да помогнат во евакуација на локации надвор од Авганистан.

