Бајден: Американците би требало да бидат загрижени поради коронавирусот

Сподели со своите пријатели

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Џо Бајден изјави дека Американците треба да бидат загрижени поради ширењето на коронавирусот, бидејќи денеска е потврден рекорден број новозаразени лица за еден ден.

Loading...

Бајден, сепак, додаде дека сѐ уште нема причина за општа тревога, но дека луѓето мора да бидат свесни за проблемот.

Администрацијата на американскиот претседател се обиде да ја ублажи загриженоста поради недостигот на тестови, поради затворањето на училиштата и други нарушувања предизвикани од ширењето на вирусот омикрон на корона вирусот, пренесува АП.

Претседателот на САД нагласи дека вакцините, засилувачките дози и новите лекови против коронавирусот ја намалиле опасноста за огромното мнозинство Американци кои биле целосно вакцинирани.

– Сè уште може да се заразите со коронавирус, но малку е веројатно, многу малку веројатно дека ќе се разболите сериозно. Нема оправдување, нема оправдување некој да не се вакцинира. Ова е сè уште пандемија на невакцинирани луѓе – рече Бајден.