Бајден ѝ понуди на Полска целосна поддршка од САД

Сподели со своите пријатели

Американскиот претседател Џо Бајден му понуди на полскиот претседател Анджеј Дуда „целосна поддршка од САД за помош во полската истрага“ за падот на ракети на нивна територија, пренесува Ројтерс.

Loading...

Полскиот претседател во телефонски разговор му ги дал на Бајден најновите информации за истрагата за експлозијата во која загинаа две лица, а Бајден пак рече дека САД имаат силна посветеност на НАТО.

Американскиот претседател имаше телефонски разговор и со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.

Дуда разговараше со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

„Ги разменивме достапните информации и ги разјаснуваме сите факти… цела Европа и светот мора да бидат целосно заштитени од терористичката Русија“, напиша украинскиот претседател на Твитер по тој разговор.