Бахамите го евакуираат населението пред налетот на ураганот Мелиса

Сподели со своите пријатели

Ураганот Мелиса се движи кон централните и југоисточните Бахами, а според Националната управа за управување со ризици од катастрофи, временските услови се очекува брзо да се влошат до среда по локално време.

Јужните Бахами го евакуираат населението додека напредува ураганот Мелиса.

Летовите за евакуација продолжуваат, а 152 патници заминаа од островот Инагуа за Насау.

Издадени се наредби за евакуација на шест острови на Бахамите, вклучително и Аклинс и Крик Ајленд, додека властите се подготвуваат за поплави и можен наплив на бура до 2,5 метри, се вели во соопштението.

Предупредување за ураган е на сила за југоисточните и централните Бахами.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Холанѓаните на вонредни избори: Екстремната десница не издржа долго на власт

– Времето за подготовки сега заврши – изјави државниот министер Леон Ланди на прес-конференција во вторник.

Лунди ги повика жителите кои се уште се на патот на невремето веднаш да побараат безбедно засолниште.

Ловците на урагани забележале налети на ветер со брзина од околу 405 километри на час на височина од 90 метри над површината на океанот.

Ураганот Мелиса го погоди југозападниот дел на Јамајка, во близина на Њу Хоуп, како силен ураган од петта категорија.