Баба примила вакцина па добила необичен упат од лекарот, но првин треба да се дешифрира (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Евелин Шоу (81) од САД добила втора доза на вакцина против коронавирусот пред околу две недели, а потоа лекарот ѝ дал необично упатство.

Loading...

Како и секоја медицинска инструкција, и оваа изгледа нечитлива, но кога внимателно ќе погледнете, можете да разберете што е напишано на упатот.

Имено, докторот имал еден совет за својата баба од Њујорк, што ѝ донел насмевка и солзи.

Упатството гласи: „Сега ви е дозволено да ја гушкате внуката“.

 

 

Баба Евелин веќе една година не ги гушка своите внуци, а нејзината ќерка вели дека Евелин се плашела да им пристапи дури и откако ги добила двете дози.

Loading...

Затоа, лекарот одлучил да и препише контакт со луѓе.

Нејзината ќерка Џесика вели дека следувала прегратка, која бабата ја чекала цела година, бидејќи цело време ги почитувала мерките за корона и се држела на дистанца.

– Благодарност до сите научници и лекари кои го остварија ова – напиша Џесика на Твитер со видео од прегратката на Евелин и нејзината внука.

 

Leave a Reply