Случајот со Софија Жукова, која изврши три убиства во периодот од 2005 до 2009 година, буквално го шокираше светот. Таа почина во руски затвор на почетокот на оваа година, чекајќи пресуда за грозоморните дела зад неа.
Имено, оваа пензионерка продавала грицки направени од месото на луѓето што ги убила. Доказите против неа го вклучуваат фактот дека, кога била уапсена, во нејзиниот фрижидер биле пронајдени човечки црева.
Меѓу нејзините жртви е и осумгодишно девојче кое наводно ја изнервирало Софија правејќи голема врева.
Жукова конечно била уапсена откако чуварот Василиј Шљахтич (52), кој се согласи да изнајми соба во неговиот стан во селото Березовка, лоциран во градската област Хабаровск, на територијата на Хабаровск, исчезна во јануари 2019 година.
Портпаролот на руската истражна управа на територијата Хабаровск рече:
– Криминолозите открија ножеви и пили на кои открија траги од крвта на жртвата. Таа беше уапсена за убиство и беше ставена во притвор додека трае истрагата.
Таа почина во болницата број 10 во Хабаровск, како резултат на инфекција со коронавирус. Наводно, оваа старица започнала со ужасни убиства по смртта на нејзиниот сопруг во 2005 година.